Постапката на Битиќи за Мицкоски е без преседанс, а неговото однесување го отцени како некултурно и дрско, кое говори за карактерот на човекот кој е платен со народни пари.

Објавил: admin@magazin | 14 октомври, 2023 19:31

Мицкоски до Ковачевски: Ако не го разрешиш Битиќи, само ќе потврдиш дека си обичен измеќар на други интереси

Фото/Текст извор: ©alfa

 Слободата на говорот е загарантирано уставно право и ги охрабрувам новинарите да поставуваат што е можно повеќе прашања на различни теми, а ние како јавни личности треба да наоѓаме соодветен начин да одговориме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНE Христијан Мицкоски,коментирајќи ја вчерашната нервозна реакција на вицепремиерот Битиќи, кој незадоволен од прашањето луто ја напушти прес конференцијата, пишува Алфа!

Постапката на Битиќи за Мицкоски е без преседанс, а неговото однесување го отцени  како некултурно и дрско, кое говори за карактерот на човекот кој е платен со народни пари.  

Ценам дека СДСМ треба да се огради од оваа постапка на Фатмир Битиќи којашто преставува лош гест и лоша пракса како треба политичарите да се однесуваат. Ако е нервозен, фрустиран има други установи каде што треба да побара помош. На ваков начин не треба да се однесуваат политичарите , во каква и да е психофизичка состојба се наогаат. И ментално би рекол . Ако Ковачевски не го разреши и не побара одговорност од раководството на СДСМ за оваа постапка на Битиќи, тој ќе потврди дека е обичен измеќар на некој други интереси и покрај тоа што нема политички интегритет, тој нема и човечки  авторитет“ изјави Христијан Мицкоски.

Нервозата власта почна да истура и врз новинарите свесни дека ќе доживејат дебакл на изборите. Мицкоски потенцираше дека тие како ВМРО-ДПМНЕ прифаќаат да се договори датум за избори во Собрание и од Ковачевски штом се плаши и бега, побара да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на пресдателските и парламентарни избори нека именува луѓе кои се подготвени да преговараат .

  “Ќе повторам за неколку месеци од денеска имаме два клучни процеси за иднината на Македонија, а тоа се претседателски и парламентарни избори. Ние само сакаме да помогнеме и да додаме вредност во процесот за да има предвидливост и да се знае кога почнува нештотпо и кога завршува.Во ред, го разбирам бега човекот, исплашен е, кукавица е. Тој некој којшто е похрабар нека го именува и нека седна со тимот на ВМРО-ДПМНЕ. Било каде да сака, во Парламент не важно само да ги договорат работите“изјави Христијан Мицкоски.

При денешната посета на Штип која е во рамки на кампањата “Важно е! Од тебе зависат промените“ свечено беше пуштен во употреба новиот мост на река Отиња, а Мицкоски се сретна и со дел од  медицинскиот кадар во штипската болница кои му се пожалија за лошите услови за работа. Мицкоски им вети дека изградбата на новата болница ќе биде приоритет на иодната влада на Вмро -Дпмне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Претседателот на Владата и на владејачката партија негираше дека има поврзаност меѓу враќањето на Заев и ескалацијата на односите меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Ковачевски негираше и дека од Груевски добил материјали на уесбе!

Ковачевски за враќањето на Заев во СДСМ: Не му ја чувам партиската фотелја

Премиерот и претседател на СДСМ вели дека во партијата сѐ уште не била отворена ниту...


ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани
22/06/2023 - 08:28471
Од: А1он
SHARE
САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ. САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
– Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот. Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ? САД потврди дека ДУИ е криминална. Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат. ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури. Бараме сериозна реакција од институциите се вели во соопштението од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани! САД го...

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни анкети, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за барање гаранции дека нема да има друго вето со тоа што уставните измени ќе стапат на сила пред влегувањето во ЕУ има широка поддршка, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.

- Какви било договори можат да се менуваат и дополнуваат, оттука не гледам причина зошто не би можел да се промени и овој договор со Бугарија, вели Андоновски и појаснува дека одговорот на предлогот на СДСМ веднаш да почнат уставни измени одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е може, под услов тие измени да важат по десетина години.

- Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија преговата за влез во ЕУ со Бугарија. Ние преговараме со ЕУ за влез во ЕУ и тоа преговараме на македонски јазик. Нам ни е битно уставните измени да се изгласаат сега за да може да се продолжи со вториот меѓувладин состанок со ЕУ, вели Миле Талевски од СДСМ.

24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции, СДСМ потенцира дека без уставни измени нема влез во ЕУ

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни...