Влада

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 12:56

Мицкоски: Евреите беa не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Собрани сме овде со тешки срца, но со силна одлучност да се потсетиме и да дадеме почит за една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја – депортацијата на македонските Евреи во март 1943-тата година, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи.

-Ова не е само ден на тага и сеќавање туку и ден на предупредување, ден во кој ние како народ и човештвото потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори. Пред Втората светска војна тука живееше динамична, просперитетна и богата еврејска заедница. Евреите без не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот во градовите како Скопје, Битола и Штип. Нивното присуство беше дел од нашата историја со векови. Но во една единствена ноќ, во една страшна одлука, тие беа избришани од своите домови, од улиците и животите. Таа година во март, тогашната фашистичка бугарска окупациска власт, во координација со нацистичките власти, наредија апсење и депортација на сите Евреи од тогашната Вардарска Македонија. 7144 мажи, жени и деца беа присилно собрани и одведени во привремениот логор во Скопје во објектот на тогашниот Монопол, рече Мицкоски.

Целиот говор на премиерот на овој настан, слушнете го во видеото во продолжение

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.