Мицкоски тврди дека градот Загреб набавил иста противпожарна скала како град Скопје, но за двојно пониска цена.

Објавил: Перо Милчин | 3 мај, 2021 19:01

Мицкоски: Загреб истата противпожарна скала ја платил 800.000 евра, а Шилегов 1.700.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ја продолжи расправата со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Мицкоски тврди дека градот Загреб набавил иста противпожарна скала како град Скопје, но за двојно пониска цена.
 
-На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.
Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? …, хммм 🤔. Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3).
 
Се прашувате која е разликата?
Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка.
 
Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl… ), но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€, пишува Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Како што пишува во законите во Република Македонија, овие лица ако продолжат со обештетување на селаните и нивната имовина ке бидат соодветно санкционирани и изнесени пред судските органи!

СКАНДАЛ НА ВЕЛИГДЕН ВО ОРЛАНЦИ: Повторна интервенција на полицијата со истите граѓани кои пред неколку недели запалија голем дел од селото?

Денеска на најголемиот христијански празник Велигден во село Орланци, Кичевско се...

Каде е Рашковски денеска новинарите го прашаа и премиерот Зоран Заев, кој рече дека не знае за секој вработен во Владата каде е и дали можеби некој користи одмор и најави дека ќе провери каде е Рашковски и ќе ја информира јавноста.

Рашковски за Фокус: Со семејството сум на одмор во Мексико, нема место за сензација

Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација, вели во изјава...