Ако Заев е “капо де тути капи” на мафијата, главните советници и верни заштитници на неговиот криминал се Вилма Рускоска и Љубомир Јовевски. Запомнете ги овие имиња. А гледаме дека ништо помалку не биле ниту Врховните судии. Нивните усти се замолкнати додека ни се уништува државата, додека ги губиме институциите. Овие двајца плус уште неколку врховни судии засилени со уште неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат, се единицата за брза интервенција за спасување на Зоран Заев. Ама ова пустото не се брани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 10:12

Мицкоски: Заев е на прав пат само кон Идризово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Правдата е нападната од неправдата, тука сме да ја кажеме вистината дека судската и обвинителската власт е брутално згазена, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот протест против неправдите.

Ако Заев е “капо де тути капи” на мафијата, главните советници и верни заштитници на неговиот криминал се Вилма Рускоска и Љубомир Јовевски. Запомнете ги овие имиња. А гледаме дека ништо помалку не биле ниту Врховните судии. Нивните усти се замолкнати додека ни се уништува државата, додека ги губиме институциите. Овие двајца плус уште неколку врховни судии засилени со уште неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат, се единицата за брза интервенција за спасување на Зоран Заев. Ама ова пустото не се брани.

-Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е! Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците. Додека родителите на чедата од Смилковско со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев, истакна Мицкоски.

За сето ова, порача Мицкоски, виновен е Зоран Заев.

-И за ова има неколкумина одговорни, но еден е највиновен, а тоа е Зоран Заев. Зоран Заев е виновен затоа што тој во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, преговарач, главен забавувач кога се во прашање гафовите, но и трговец со витални органи на нашата Македонија. И едно досега научивме, на човекот не му е тешко да украде, да изглуми, да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, затоа што е нечесен од глава до пети. А и најлесно му е да излаже. Затоа што тоа покрај крадењето тоа го прави најдобро. Аудио материјалот покажува дека тој пука во чело на правдата, ама онака ладнокрвно, со умисла и без каење. Со тој неправилен граматички, но разбирлив јазик слушнавме како ја егзекутира правдата, што би рекол “трас-трас” А правдата умира бавно, споро. Затоа што Заев нема допрено нешто, а да нема контаминирано, истакна Мицкоски.

Мицкоски праша: Кој одговараше овие три години, по годините кампања кои ги водеше Заев?

-Тортура на државата. Одговорот е ниту еден. Не докажа ниту еден криминал, а премногу криминали се амнестираше. И да бидам прецизен и јасен, и сакам јасно да разбијам една лага која ја шират медиумските слуги на власта, јас сум за апсолутна правда, и сакам јасно да подвлечам, многу јасно да соопштам дека не сме сите исти, многу сме различни. Не сме сите исти, затоа што ниту денес, а ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт. Ниту да попречам правда за било кого, било да е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците или друг. Ама ќе има одговорност, тоа мора да има. И еве тука седам пред вас десетици илјади, а и тие што во домовите, ви ветувам, одговорност за криминалите мора да има. Не сме сите исти, и во зборот што го кажуваме а вреди. Не сме исти во сериозноста издржаноста и идните резултати на проектите, реформите што се ветуваат за разлика од она што Заев го ветуваше и не го направи. Не сме исти и во луѓето кои денес се со нас,а ќе ви докажам дека може не само многу подобро поквалитетно да се работи и повеќе од ова што сега ни го испорачуваат Радмила, Спасовски, Рашкоски, Филипче, Кирацовски и останатата рекетарска дружина, истакна тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во видеото кое го направил Македонецот од Беломорска Македонија Стилианос Самарџиев, се зборува за Македонската голгота

БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА: Секоја вечер полицајците ни доаѓаа под пенџере

Песните кои никогаш не постоеле го насловил филмот македонецот од беломорска Макеодонија...

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Од денес 24 часовен карантин за време на викендите во Куманово!

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...