Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше на одбележувањето на 70 години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија.

Објавил: admin@magazin | 30 јуни, 2018 15:12

Мицкоски: Заев со договорот се откажа од прогонетите Македонци од грчката граѓанска војна

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мицкоски во Фејсбук статус напиша дека Македонците ја носат таа тажна судбина на историјата и историските случувања и балканските премрежја за кои сеуште има живи сведоци. Денес присуствував на петтата средба на насилно прогонетите Македонци за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година што се оддржа во Скопје.

-Луѓето таму со горчина ми раскажуваа како го доживуваат Договорот со Грција при што реалната состојба е дека денес Македонците не се официјално етничко признато малцинство во Грција, а со договорот на Заев и Ципрас, тие веќе нема да бидат признаени, ниту од државата чии корени влечат, од Македонија, пишува Мицкоски.

Тој пишува дека тие велат дека ова е втор голем удар за нас, а највеќе не погодува што нашата Македонија се откажува од нас, го брише правото на постоење и самоопределување како Македонци.

-Некој можеби некогаш ќе се обиде да го одземе вашето детство, можеби ќе се обиде да ве протера од куќата или пак да ве пресели, да ве потцени или омаловажи, но меморијата и сеќавањата за реалноста не може да ви ги уништи. И овие луѓе сеуште постојат, се сеќаваат, живеат и раскажуваат, за своето минато, тешка судбина, тие се покрај нас, со нас, и тоа има голема цел доколку се извлече поука од минатото и никогаш не се повтори во иднина, пишува Мицкоски.

Мицкоски вели дека тие го заслужуваат нашето внимание, пред се ја заслужуваат почитта од нашата држава.

-А кој друг треба да ги заштити ако не оние кои ја водат владата, и тоа не е само нивно право туку и должност. Тие не ветија индолентен однос кон ова прашање, но затоа гледаме не им е тешко да ја затворат вратата на илјадници луѓе кои се сведоци на оваа тажна судбина, не ветија дека ќе го сменат уставот, но еве денес заговараат и бришење на името Македонија, но затоа ветија дека Македонија ќе оди напред, а еве гледаме државата е на дното во економијата, во образованието, здравството, ветија датум за преговори, а Македонија нема ниту датум за преговори, ниту извесна европска иднина. Тие тргуваат со се она што е вредно за оваа држава и народ, а не добиваме ништо, пишува Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...