Барањето на Заев, како што рече, за амнестија за сите довело до тоа вчера да не успеат преговорите затоа што не прифатил новото обвинителство што го предлага власта да се занимава со корупција со сите предмети без оглед на времето на предметот и извршителот.

Објавил: Валерија Петрова | 11 септември, 2019 14:43

Мицкоски за лидерската: Планот на Заев е да нема договор

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне договор и за да ги заштити своите и криминалите на неговите соработници, но остава простор за продолжување на преговорите за законот за јавно обвинителство, на којашто точка и заврши неуспешно средбата.

– Ги констатиравме позициите од двете страни, за жал, не успеавме да најдеме решение и доколку постои опција за натамошни средби оставеме простор во иднина да продолжат преговорите, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Според Мицкоски, Заев дошол со намера да не се постигне успех на разговорите затоа што, како што вели, се видело дека има не план Б, туку план Ц, со префрлањето на предметите од Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство. Со тоа, смета Мицкоски, Заев си купил мир, но во иднина ќе има одговорност.

Барањето на Заев, како што рече, за амнестија за сите довело до тоа вчера да не успеат преговорите затоа што не прифатил новото обвинителство што го предлага власта да се занимава со корупција со сите предмети без оглед на времето на предметот и извршителот.

– Заев предложи формирање обвинителство за висока корупција на исто ниво како обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителот да го предложи најголемата опозициска партија, и овие десетмина помошници на помошниците на Јанева заедно со случаите од СЈО да бидат инкорпорирани во рамките на новото обвинителство, без притоа да се почитува Законот за обвинители коишто треба практично Советот за обвинители да предложи кои обвинители треба да работат таму, рече Мицкоски, дополнувајќи дека имало начелен предлог договорен на 30 август што тогаш СДСМ го прифатиле, а другиот ден измислувајќи небулози и бесмислици го растурија преговарачкиот процес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат...

Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Утринава во вооружениот грабеж во Тутунска банка одземени 8.700 евра – зошто ова банка е мета на крадците?

Уште еднаш НЛБ банка беше мета на крадците, нов вооружен грабеж се случи во Скопје. Во...