Според него, Владата за три месеци го зголемила јавниот долг за една милијарда евра, додека индустрискиот развој, капиталните проекти и економската размена бележат драстичен пад.

Објавил: Стојче Бушин | 27 септември, 2020 18:29

Мицкоски за новиот пакет мерки: „Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, вели лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, коментирајќи го четвртиот пакет економски мерки кој го соопшти Заев!

Мицкоски четвртиот пакет го смета за задоцнет, а претходните три како неуспешни.

Според него, Владата за три месеци го зголемила јавниот долг за една милијарда евра, додека индустрискиот развој, капиталните проекти и економската размена бележат драстичен пад.

 Четвртиот пакет мерки на мафијата во Владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа. Кога веќе се прави четврт пакет на мерки, треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика ново дополнителни  најмалку 40 илијади невработени за пет месеци минус речиси 13 проценти намалување бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Затоа, и четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, рече Мицкоски.

Досегашните три пакети на мерки, посочи тој, беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат ефекти од кризата и нивната единствена цел беше предизборен и институционален поткуп.
 
Тој напомена дека потврда за тоа е фактот што покрај „платежните картички кои служија за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од меркиуте за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Како што вели тој, и покрај таа „длабоката држава“ во Македонија, сакаме зближување со Бугарија. Гоце Делчев нè обединува, вели Георгиевски.

Георгиевски – Бугарија не сака промена на нашиот Устав и нов Договор

Од Бугарска страна никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го...

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети.

Дурловски се повлекува од парламентот: Фотељата боде кога прагмата е поважна од моралот

Пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица...

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство.

Георгиевски во Софија на средба со Захариева: Остваривме плодна средба рече министерката!

Лидерот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски денеска оствари средба...

Ако имаа грам одговорност ќе летаа оставки, наместо ветувања за некое подобро утре кое никако не доаѓа.

Духот на македонштината СДСМ никогаш нема да можат да го срушат, тоа живее во нас вели Мицкоски

Наместо власта да се препукува со опозицијата и бара виновници за сопствената неспособност,...