
Македонија
Вести
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по одлуката на Владата за негово разрешување.
-Имаше тој доволно можност да се размавне, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомнение за сторен криминал, но очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина, така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал таа доверба не ја оправда и сега владата почнува еден процес, денеска бев во Парламентот, тој процес е започнат, Парламентот ќе заврши, изјави премиерот.
Мицкоски додаде дека чесно би било Коцевски самиот да се повлечи од функцијата за да се скратити периодот за избор на нов јавен обвинител.
-Мислам дека чесно и доблесно од него би било самиот да се повлече, да можеме да го скратиме овој период, да можеме да избереме Обвинител кој што бескомпромисен бореќ ќе биде против криминалот и корупцијата во Македонија, додаде Мицкоски.
Советот на јавните обвинители во законскиот рок ќе даде мислење, откако владата вчера ја започна постапката за разрeшување на државниот обвинител Коцевски. Законот предвидува предлогот за разрешување на Јавниот обвинител, Владата да го доставува до Советот на јавни обвинители кој е должен во рок од 15 дена да одговори со образложено позитивно или негативно мислење.
Претседателката на Советот, Душица Димитриевска во изјава за медиумите рече дека во понеделникот едногласно донеле законита одлука, со тоа што ја поставија обвинителката Наташа Крстевска Цалева времено да раководи со вишото скопско обвинителство, затоа што Мустафа Хајрулахи е времено отстранет.
Ова беше една од причините кои владата вчера ги посочи во обралзожението зошто иницира разрешување на Коцевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.