Македонија
Вести
Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже и продолжува да ги понижува и омаловажува граѓаните. Можев да го забележам неговиот израз на лицето и можам да заклучам дека не само што е нервозен, туку и не знае каде тера, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници.
Мицкоски посочи дека проблемот е што тој одлучува во моментов, проблемот е што неговите одлуки се погрешни и ја водат во бездна државата.
Колку побрзо овие луѓе ќе заминат, толку побрзо ќе огрее сонцето за граѓаните и државата, колку побрзо ќе се соочат со одговорноста за погрешните политики толку побрзо ќе расчистиме со криминалот и корупцијата во државата“, кажа Мицкоски.
Според него не видовме одговорност за случајот Мијалков затоа што криминалната мафија е заортачена.
Ако институциите затаиле требаше да има одговорност, почнувајќи од Заев па до тие што стоеја до него. Ниту видовме, ниту ќе видиме одговорност зошто затоа што криминална мафија е заортачена, владее со Македонија. Затоа што побрзо заминат толку побрзо Македонија ќе се ослободи и толку подобро ќе биде за сите“, додаде Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.