Македонија
Политика
Лидерот на опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за српскиот весник „Политика“ вели дека сите се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ победува на наредните парламентарни избори.

Политика: Дали ќе ја проширите Коалицијата со некои партии од Коалицијата на СДСМ, бидејќи рековте дека преговарате со некои партии, што ќе понудите во новата програма и мислите ли дека со новата програма ќе освоите околу половина милион гласови?
Сите се свесни дека ВМРО ДПМНЕ победува. Ги гледаат анкетите и го чувствуваат пулсот на народот. Знаат дека ова е крај на најсрамните три години од историјата на независна Маледонија. Затоа добар дел од коалициските партнери на Заев ни испраќаат сигнали. Нормално и очекувано е како што наближува април, така да зачестуваат обидите за приклонување кон победникот. Сепак ние носиме нова енергија која се базира на честитост и принципиелност. Борбата за власт заради власт мора да биде дел од минатото. Ние сега вреднуваме капацитет, визија и знаење. Секој што ќе може да придонесе во нашата борба за обнова на Македонија е добредојден. Нашата најголема коалиција се граѓаните на Македонија. Во новата програма ќе понудиме работа, проекти и рокови кои ќе ја ослободат Македонија од ова беззаконие и ќе ја вратат на брза лента на патот на реформите и приближувањето кон ЕУ стандардите. Ќе понудиме решенија во економијата, образованието, здравството, земјоделието и сите други области кои ќе значат квалитетен исчекор и кои реално ќе го подобрат животот на граѓаните. За тоа имаме тим и имаме волја. Граѓаните ја препознаваат новата енергија и верувам дека масовно ќе не поддржат, одговара Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.