Денеска е голем ден за православните христијани и очекувам она кое што како порака ќе пристигне од храмовите, но и од политичарите да биде порака на обединување, а не порака на поделби, порака на надеж, а не порака на разочарување како што за жал е денешното секојдневие.

Објавил: Владо Марин | 28 август, 2021 15:19

Мицкоски за Успение на Пресвета Богородица: Денешната порака да биде на обединување и надеж

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ќе ми дозволите најпрви да го честитам големиот православен христијански празник Пресвета Богородица, на православните христијани, да  посакам здравје, среќа успех за нив и на сите граѓани во Македонија, без разлика на вероисповеста.

Денеска е голем ден за православните христијани и очекувам она кое што како порака ќе пристигне од храмовите, но и од политичарите да биде порака на обединување, а не порака на поделби, порака на надеж, а не порака на разочарување како што за жал е денешното секојдневие.

Ова се моменти кога навистина сите треба да се надминеме себе си, да ги надминеме нашите разлики без разлика дали се тоа политички или човечки, да си подадеме рака еден на друг и еден на друг да бидеме пријател.

Јас сум тука во Берово, потоа продолжувам во Пробиштип, продолжувам и во Крива Паланка.

Ја користам оваа прилика да го честитам и денот на рударите, на оние кои секојдневно се во рударските окна кои што се борат да ги прехранат своите семејства. Додадената вредност која што ја генерираат во економијата во Македонија е практично да овозможат подобар живот за сите граѓани во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.