Претходно, прашан во врска со заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ во кои се вели дека ќе биде свикана втора меѓувладина конференција веднаш штом земјава ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени во согласност со внатрешни процедури, Мицкоски рече:

„Е сега ако ја гледаме Преговарачката рамка (со ЕУ) таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија, може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи“

360 степени“ вчера потсети дека во Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан лани во јули, пишува:

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“.

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“.

Објавил: Мате Парлоф | 9 јуни, 2023 6:07

Мицкоски: За уставни измени со „одложено дејство“ ќе бараме гаранти да бидат ЕУ и САД

Фото/Текст извор: ©360

Ова го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител, прашан дали ако важат одложено, опозициската партија ќе ги поддржи уставните измени кога Владата ќе ги испрати во Собранието. Одговарајќи на прашањето тој рече: „Тогаш ќе доставиме предлог, зад тој предлог бараме гаранти, тоа ќе бидат Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Тој предлог ќе го доставиме и ќе кажеме ова е предлогот што е прифатлив за нас. Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции, односно канцеларијата на Европската Унија и Соединетите Американски Држави да бидат гаранти на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата пристапниот протокол од земјите членки на Европската Унија“

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог до Европската Унија и Соединетите Американски Држави да бидат гаранти дека уставните измени, што Владата ќе ги достави во Собранието, ќе стапат на сила оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од страна на земјите-членки на Европската Унија. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител/Фото: Принтскрин – ВМРО-ДПМНЕ

Ова го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител, одговарајќи на прашањето дали ако важат одложено, опозициската партија ќе ги поддржи уставните измени кога Владата ќе ги испрати во Собранието.  

„Тогаш ќе доставиме предлог, зад тој предлог бараме гаранти, тоа ќе бидат Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Тој предлог ќе го доставиме и ќе кажеме ова е предлогот што е прифатлив за нас. Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции, односно канцеларијата на Европската Унија и Соединетите Американски Држави да бидат гаранти на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата пристапниот протокол од земјите членки на Европската Унија“,   рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека партијата ќе поддржи уставни измени само ако тие бидат со „одложено дејство“, став кој тој го ставил на маса на вчерашната лидерска средба со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.  

Претходно, прашан во врска со заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ во кои се вели дека ќе биде свикана втора меѓувладина конференција веднаш штом земјава ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени во согласност со  внатрешни процедури, Мицкоски рече:  

„Е сега ако ја гледаме Преговарачката рамка (со ЕУ) таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија, може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи“ 

360 степени“ вчера потсети дека во Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан лани во јули, пишува: 

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“. 

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...