Влада

Објавил: Калина Мартинска | 8 јануари, 2025 13:38

Мицкоски: Земјоделците се наш приоритет, годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали оваа година се планираат директни исплаќања на земјоделците и колкава ќе биде поддршката од Владата кон нив, изјави:

„Да апсолутно, сакам да потсетам дека откако сме Влада, само во текот на минатата година кога бевме избрани како Влада од 24 јуни, па до крајот на 2024 година, се префрлени повеќе од 70 милиони евра за земјоделците. Со што се вратени оние долгувања од минатото и сега веќе имаме тековни исплати, што е добро. А, за следната година повеќе од 7,2 милијарди денари нешто над 120 милиони евра, се предвидени за директни плаќања за земјоделците, од централниот Буџет. Земјоделците се нашиот приоритет. Знаете изминатава година имавме навистина добри резултати и кај лозарите и кај јаболкарите.

Се сеќавате при крајот на годината со онаа рекордна висока цена кај тутунарите поддршка добија и оние коишто произведуваат раноградинарски производи сливарите. Потоа се обезбеди на пазар и за оризопроизводителите, пченицата, јачменот итн. Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и во оваа година“, информираше премиерот Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.