Сите цени на производите се зголемени за најмалку 10,15,20 проценти. Тоа најсликовито може да го опишат граѓаните. Нема човек кој денеска тоа не го забележува кога пазарува низ маркетите. Основите продукти се поскапени, лебот, млекото, маслото. Инфлација има, дел е домашна дел е увезена поради политиките кои ги водеше оваа влада на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 ноември, 2021 6:08

Мицкоски: Инфлација веќе има, сите цени се зголемени

Фото/Текст извор: ©магазин

Ќе има инфлација сигурно, таа веќе постои сите цени се зголемени, изјави вчера од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сите цени на производите се зголемени за најмалку 10,15,20 проценти. Тоа најсликовито може да го опишат граѓаните. Нема човек кој денеска тоа не го забележува кога пазарува низ маркетите.

Основите продукти се поскапени, лебот, млекото, маслото. Инфлација има, дел е домашна дел е увезена поради политиките кои ги водеше оваа влада на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...