Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 декември, 2021 20:25

МИЦКОСКИ КАКО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на 17-от редовен конгрес на партијата е реизбран за лидер на партијата.

Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

„ВМРО-ДПМНЕ после овој Конгрес е со уште поголем елан и енергија за времињата што следат. Нашиот успех на локалните избори кажува дека доаѓаат промени во земјава. Народот има очекувања и надеж од нас и мораме да донесеме промени. Подгответе се, нè чека многу работа. Подготвен сум да разговарам со секој искрен политичар кој ќе застане зад она што треба да биде нов процес во државата“, рече Мицкоски во говорот по изборот за претседател на партијата.

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ се одржа под мотото „Нова генерација за нова иднина“ и на него беше усвоена т.н. Доктрина на партијата со 16 клучни точки за идното дејствување на партијата, која според партиските челници ќе ја донесе на власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави летен Свети Никола

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник...