Ве повикуваме на протести денес, затоа што утре може да биде доцна.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 ноември, 2020 20:50

Мицкоски: КРЕНИ СЕ НА НОЗЕ МАКЕДОНИЈО, утре може да биде доцна

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во 11 градови низ Македонија граѓаните со протест го искажуваат револтот од ставовите на премиерот Зоран Заев посочени во неговото интервју за БГНЕС и неговиот молк за тоа што ветил на Бугарија – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вечерва се протестира со автомобили кои во колони се движат низ градските улици, има и групирања на повеќе од четири лица, наспроти протоколите за заштита од ковид-19!

Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија.

– Дали трговецот – премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси?
– Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста?
– Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?

Ве повикуваме на протести денес, затоа што утре може да биде доцна, повика Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Од тој момент оценувам дека дотичниот пратеник не е член и заменик на Движењето БЕСА, согласно одлуката што ја донесов како претседател на оваа партија и ваквата состојба ќе остане сѐ додека остануваат аргументите и факторите – дека на дотичниот пратеник му е забрането и спречено да гласа согласно потписот што го дал“, рече Касами

Кастриот Реџепи отстранет од БЕСА

Лидерот на Движењето БЕСА, сега и градоначалник на Тетово, Билал Касами, вели дека пратеникот...

Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека комуницираат со сите партии од опозицискиот блок, со исклучок на Левица - децидни се дека нема ни да стапат во контакт со партијата на Апасиев.

ГРУБИ: ЗА МНОЗИНСТВО СЕ ПРЕГОВАРА СО СИТЕ, ОСВЕН СО ЛЕВИЦА

Владејачките коалиционери, оптимисти – ќе го шират владејачкото мнозинство. Ширум...

Нејзиниот сопартиец и колега во Собранието, Александар Николоски, денеска соопшти дека прашањето за доверба во Владата е доставено до Собранието, со 61 потпис.

Ќе гласаат ли и пратеници во скафандри за недоверба на Владата?

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, според информации на 360, е во изолација од петокот,...