Уствари кога ќе види човек како селективно се апси, па се пушта, селективно се правеле случаи па се рекетирало, селективно се водат истраги и никој на крај политички не одговара.

Објавил: Перо Милчин | 25 август, 2019 9:22

МИЦКОСКИ: Кутри СДСМ сакале Мијалков да бидат, од понеделник ќе апселе- и него го надминавте и надградивте

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски, на социјалните мрежи напиша дека од СДСМ сакаат да бидат како Мијалков, откако Јовче Ременски преку Фејсбук најави аспења во понеделник па ги избриша постовите.

– Кутри они сакаат Мијалков да бидат, од понеделник ќе апселе. Уствари кога ќе види човек како селективно се апси, па се пушта, селективно се правеле случаи па се рекетирало, селективно се водат истраги и никој на крај политички не одговара, како селективно поделивте амнестии, богами во импровизација и Мијалков го надминавте и надградивте, напиша Ивор Мицковски.

Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија.
Началникот Ременски објавува пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник.

“Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Најреномираниот фестивал во Македонија „Бук стар“ и е-магазин со долгогодишна традиција и престиж „Репер“ пред укинување поради незаинтересираност Министерство за култура да ги поддржи.

Фестивалот на европската книжевност „Бук стар“ и „Репер“ пред згаснување поради одлуката на Министерство за Култура

Жарко Кујунџиски е познат македонски прозаист, драмски писател, уредник на е-магазин,...

Јовановиќ е се погласен против политиките на СДСМ, и тој вчера посвети саркастичен статус за Маршот на правдата во кој го повикува и поранешниот премиер Заев и СДСМ кога ќе маршираат за правда, да поминат покрај хотелот „Мериот“, болницата „Систина“, но и да свратат кај 

Кога ќе марширате поминете до „Мериот“, „Систина“, – до Будимпешта не мора да одите Груевски сам ќе се врати

Бранимир Јовановиќ кој јавноста го познава како поранешен советник во Министерството...