Мицкоски: Лажат дека со промена на Устав ќе влеземе во ЕУ, се однесуваат како полтрони и кон Бугарија и кон меѓународната заедница
Однесувањето на власта кон меѓународната заедница вклучително и кон соседите е полтронско однесување, поданичко однесување и на тој начин не се гради партнерски, ниту пак добрососедски однос. За да се гради партнерски однос и добрососедски мора да имаме двонасочна улица, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Клан Директ“ на телевизија Клан.
Мицкоски продолжи и додаде дека лага е дека со промена на Уставот дека Македонија ќе е членка на ЕУ.
Лага е дека со промена на Уставот како што тоа го замисли актуелната Влада дека Македонија ќе биде членка на Европската Унија, не е точно тоа е лага. Секој кој што таа пропаганда ја шири, лаже, безочно лаже и се обидува да ги манипулира граѓаните. Зошто? Затоа што оваа Влада прифати во Преговарачката рамка делови да бидат билатералните договори со официјална Софија и Преспанскиот договор со официјална Атина. Последиците денеска ги гледаме и благодарение на брзата и навремена акција на Панче Тошковски барем немаме редици за чекање, го немаме оној метеж кој беше во времето на Оливер Спасовски, тие се последиците, вели Мицкоски.
Дури и да на насилен пат се обидеа, а не успеаја бидејќи ВМРО-ДПМНЕ рече ние ќе се спротивставиме и се спротивставиме иако притисоците беа жестоки. Се спротивставивме останавме кохерентни, обединети заедно сите затоа што веруваме во ова што го прави и направи оваа Влада е погрешно. Прво ја лажеа меѓународната заедница дека ова што го прифаќаат ќе го испорачаат, второ го лажат сопствениот народ и граѓани дека со промена на Уставот, Македонија станува членка на Европската Унија, не е така, не е точно, кажа Мицкоски.
Секоја позиција и секој став треба да биде придружен со логични аргументи кои се издржани а не аргументи како дело на политиканство и тоа е така уште од Римското право не сум го измислил јас, ниту сум правник, но ете сум читал така било од Римското право дека ставот кој е поддржан со аргументи преовладува затоа ние мора да имаме став и да го браниме тој став, но и да имаме аргументи за тој став. Ценам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ нашиот став го аргументиравме, на отворена сцена прифативме неколку концепти за решавање на овој спор. Очигледно дека сегашната актуелна власт не беше способна и ја излажа меѓународната заедница да испорача резултати. Ние за разлика од власта дадовме најмалку 3 концепти како треба да се реши според нас ова прашање. Подготвени сме да продолжиме да разговараме, да ги доближуваме ставовите и еднаш засекогаш ова прашање да се реши затоа што на самиот почеток кажав дека овој народ, овие граѓани дадоа премногу за тие европски вредности, а добија се уште ништо споредено со сите други народи во рамките на Централна и Источна Европа кој во минатото беа дел од Варшавски пакт односно беа комунистички држави, заклучи Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.