Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

Објавил: Стојче Бушин | 9 јули, 2020 6:43

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции насочени кон оние инфраструктурни и енергетски проекти што ќе бидат во функција на бизнис-секторот и капитални проекти кои ќе бидат насочени кон подобрување на општите услови за живот на македонските граѓани, порача од Гевгелија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

Подобрата иднина не може да дојде сама од себе. Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски. Минатото не можеме да го промениме, но сме подготвени за подобро утре. А, како не би биле, кога секој ден зборуваме за креативни идеи и визија за подобар живот во Република Македонија.
Придружете ни се и поддржете обнова!

Во програмата Обнова се обврзуваме на:

640 милиони евра само за субвенции, 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток, покривање на 70% од осигурувањето на земјоделските посеви и насади, намалување на ДДВ за ветеринарни услуги, истакна Мицкоски!

Тој вели дека обврската на ВМРО ДПМНЕ ќе биде континуирано зголемување на бројот на туристи во земјата преку градење на нов модел за развој на туризмот и креирање на нови туристички понуди и форми на туризам, јакнење на маркетинг капацитети со цел промоција на земјата како атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини и зајакнување на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...