Мицкоски нагласи дека по пожарот во модуларната болницата во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, останале многу неразјаснети работи.

Објавил: Сара Фемина | 12 септември, 2021 15:15

Мицкоски му дава рок до вторник на Филипче да ја достави оставката во Собрание или ќе бара негово разрешување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара Министерот за здравство и неговиот заменик да бидат разрешени до вторник. Според Мицкоски, Филипче оставка од морални причини требало да поднесе до Собранието, институцијата која го избира и треба да ја констатира оставката, а не до премиерот Зоран Заев

Даваме рок до вторник рано претпладне, министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани да ги достават своите оставки до Собранието, како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден, а дококу не бидат поднесени овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието предлог-одлука за нивно разрешување, информира на денешната прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека по пожарот во модуларната болницата во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, останале многу неразјаснети работи.

Овој пат нема да поднесеме интерпелација, затоа што не сакаме овој пат интерпелацијата да ја доживее судбината како изминатите интерпелации коишто беа подесувани во минатото и никогаш не стигнаа да бидат точка на дневен ред и практично ја преполнаa фиоката на Талат Џафери, рече Мицкоски.

Од ВМРО- ДПМНЕ бараат истрага која ќе биде објективна, Мицкоски вели дека партијата има информации дека премиерот Зоран Заев добивал детали од истрагата за трагедијата во Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...