Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 мај, 2021 16:27

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната сурова реалност во која требаше да бидеме барем први според бројот на вакцините, а ние денеска сме последни.

И Европската Унија треба да биде погласна за криминалите кои ги прави оваа влада, и за грешните политики кои земјава ја туркаат во бездна.

Затоа што нашата европска иднина се загрозува со секој криминален тендер кој оваа влада ќе го направи, затоа што денес Бугарија е пречка, но во истиот момент станува пречка и кога овие што штанцале пасоши на белосветски криминалци ќе примат удар како топовско месо и ќе лежат по смешни 2 години затвор, само за да нема одговорност за главата на криминалната мафија, затоа што такви како Рашкоски има секоја општина, министерство или претпријатие, десетпати повеќе од тоа што јавноста го знае, нагласи Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

И затоа од овде од слободарски Прилеп ќе им порачам, преговори веднаш, оставете го Заев и тие главоклимачи околу него. Не се тие Македонија, туку овој чесен и честит народ и вредни домаќини. Ова е народот кој многу пред вас ги покажувал своите европски вредности и неговото место е таму за да ја добие заслужената правда, а да ја добијат и сите оние кои што се неправедно обвинети и неправедно осудени од ова обвинителство и судство кое е под целосна чизма на власта на Зоран Заев.

Претседателот Мицкоски посочи дека Македонија денес го живее најтешкото време. Со уништено образование  и уништени вредности во кои провизиите се поважни од здравјето и иднината на граѓаните.

Образованието е уништено, борбата за образование без учебници, е борба за милиони евра во џебовите на овие од власта. Борбата за нов клинички не е борба за здравјето на граѓаните, туку да потрошат над пола милијарда евра, скапо заработени пари на граѓаните, водејќи се од студија скромно напишана од 35 страни.

Кога цел свет се бореше да обезбеди вакцини, нашата влада, нашиот министер, премиер се бореа што повеќе провизии да стрпаат во сопствените џебови, а луѓе умираат. Ми се гади кога ги гледам оние свитови и договори како сакаат на здравјето на граѓаните да стрпат провизии во своите џебови. Да уживаат во луксузни ресорти додека народот за парче леб се бори, чесно заработено парче леб. 60 наши сограѓани останаа без работа, бизнисот трпи несогледливи последици. На народот му треба надеж и визија. Домаќинско работење, наспроти недомаќинското и расипничко трошење, заклучи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...