Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат за да се најде решение. Мислам дека не треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание на политичките флоскули од страна на поранешните членови на Историската комисија.
Потрошени се стотици илјади народни пари и евра за нешто кое што резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија Ковачевски и Османи. Мислам дека отсуството на доверба на оваа влада која што доби легитимитет од граѓаните да ги исправа погрешно водените процеси во минатото кон овие членови на старата комисија, е прашање на политичка одлука, тоа не е прашање на нешто друго дали ОБСЕ ќе се вклучел или не знам кој ќе се вклучи, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја реакцијата на поранешните членови на Историската комисија.
Мицкоски денеска изјави дека ќе се спроведе истрага колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата.
Поранешните членови на Историската комисија се жалат на притисоци
На новинарско прашање што очекува од утрешната посета на македонската делегација на Софија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, повтори дека државава сака да гради добрососедски односи и тука нема дилема.
Ќе продолжиме да градиме добрососедски односи. Нашето мото е дека туѓото не го сакаме, своето не го даваме, а градењето добрососедски односи е европска вредност и треба така да продолжиме. На работна посета кај мене беше претседателот на Владата на Косово, Албин Курти, во периодот којшто следи договараме и со премиерот на Албанија Рама посета дали во Тирана или во Скопје, договараме со премиерот на Република Србија Вучевиќ посета во Скопје, претпоставувам во периодот којшто следи ќе има слични такви посети и со Мицотакис и со премиерот на Бугарија. Ние се видовме на самитот на НАТО во САД. Нашата цел е да градиме добрососедски односи и така и ќе продолжиме. Имаме наши позиции по однос на нашите интереси. Ние ќе се бориме за нашите интереси како држава и тоа е тука, не треба ништо да биде чудно – кажа Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на Спортско рекреативен центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски Пат во Општина Бутел.
Поранешни членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, преку писмено соопштение утрово реагираа на последните промени во составот на Комисијата. Во реакцијата тие искажаа незадоволство од изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, но и на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.