Влада

Објавил: Калина Мартинска | 6 октомври, 2024 21:48

Мицкоски најави мерки за младите на годишната конференција на УМС

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со фонд од 10 милиони евра владата ќе обезбедува средства за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години, со следниот буџет.

Вредноста ќе биде од илјада евра до 30 илјади евра за проект. А исто така ќе има и бесплатни електронски уреди за секој студент, порача премиерот и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на конвенцијата на младите на ВМРО ДПМНЕ.

„Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови за да делуваат, за да учат, создаваат, да стекнуваат вештини и потоа тие да не водат напред, затоа што како што кажав оваа борба нема да е лесна, и овој пат нема да е без препреки и едноставен. Денеска пред вас, со верба во вас и во сите млади кои се дел од другите партии, но и не се дел од ниедна, со верба во сите вас обзнанувам дека владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите.

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата. Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме за да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија да и го продолжите животот на Македонија. Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеам Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон. За тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот” рече Мицкоски.

Мицкоски со порака и понудена помош до опозицијата заедно да направат подобра иднина за младите и за државата. До коалициските партнери дека ке успеат и до ДУИ да ја реформираат партијата.

Претседателот на УМС Сергеј Попов изјави дека за само 100 дена владата испорача многу повеќе од седумте години на претходната власт и дека апатијата може да се замени со прокативност.

Поминавме низ многу тешки и мачни моменти и токму затоа дозволете ми да изразам искрена благодарност до секој еден од вас кој низ годините даде свој придонес во борбата да си ја вратиме Македонија во свои раце, иако борбата е далеку од завршена. Пред нас е предизвикот да продолжиме со креирање на успешните политики кои Македонија повторно ќе ја направат земја која ќе асоцира со успеси и национална гордост, земја со која секој граѓанин ќе може да се гордее и земја која на младите ќе им испорача иднина за сите и сега.

Веруваме во она што го правиме и ве повикувам да ни се придружите во овие моменти во кои испишуваме историја. Да се обединиме и да покажеме како решително дејствува ВМРО и како се сака Македонија рече Попов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести