победа на ВМРО со 100.000 разлика ?

Објавил: Узунов Бобан | 13 септември, 2019 9:08

Мицкоски најавува победа на ВМРО со 100.000 разлика

Фото/Текст извор: ©магазин

Во интервју за неделникот Фокус Христијан Мицкоски најавува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ со 100.000 гласови разлика.

 Инсистирате на предвремени избори, дури и таа тема беше услов за да се оствари лидерската средба. Убедени сте дека ќе победите, иако според анкетата што ја објави СДСМ тие се во водство околу три проценти?

МИЦКОСКИ: Нашите анкети, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ. Така што има еден и единствен начин да се докаже дали ние ја говориме вистината или, пак, Зоран Заев. Тоа е народот на предвремени парламентарни избори да даде суд за тоа кој е во право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не реагиравме радикално, и покрај сите скандали што во изминатиов период се случуваа, почнувајќи од она однесување на еден градоначалник кој практично на столче, прилично директно разговара со дел од вработените во општината, па дури на моменти е насилен и применува физичка сила. Потоа гледавме како пратеник од владејачкото мнозинство, кој порачува/поседува забранети супстанции, без разлика дали тоа се опојни дроги или масло од канабис, за понатаму да го видиме оној несреќен тендер на генералниот секретар Рашкоски со низа епитети што ги подели за нашите сојузници јужно од екваторот, што би рекол тој, па сè до овој најголем скандал од независноста, од 1991, па наваму, а тоа е скандалот „Рекет“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...