Мицкоски од Битола

Објавил: Владо Марин | 18 јули, 2021 11:54

Мицкоски на битолчани не им го соопшти кандидатот за градоначалник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера одржа средба со битолчани, но не им го соопшти кандидатот за градоначалник на градот на конзулите.

-Очекувам една голема победа на ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори затоа што ќе понудиме нова структура на кандидати за градоначалници, од нив дури 95 отсто се нови луѓе кои по прв пат ќе ја бараат поддршката на граѓаните.

За мене Битола претставува посебен предизвик и очекувам после локалните избори Битола повторно да го добие оној сјај кој што го заслужува.

Се уште немаме одлучено кој ќе биде кандидат затоа што сеуште се одвиваат анкетите и мерењата, и сеуште се собираат проекти со кои што ќе излеземе пред битолчани, но во втората половина на месец август ќе зборуваме за конкретни имиња како и за проектите кои ќе ги промовираме пред битолчани.

По локалните избори очекувам нов ветер на политичката сцена и ново парламентарно мнозинство, истакна Мицкоски вчера во Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Мицкоски заедно со Николоски и Стоилковиќ остварија средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со...

ованчев додаде дека и во земјите во регионот имаше корона вирус, но властите таму подобро се справуваа и со вирусот и со економијата.
„Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните.

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

„Република Македонија е со негативна стапка на раст од -4.5% во 2020-тата година, и беше...

Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Шест и пол години за Велјановски, 6,3 за Јанакиески и Ристовски, 6 години за Атанасовски

Судот ги прогласи за виновни за организирање на настаните од 27 април во Собранието...