Премиерот

Објавил: Калина Мартинска | 18 јули, 2024 15:15

Мицкоски на иста маса со Радев и Мицотакис на самитот во Лондон

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Околу 45 лидери од цела Европа се собраа денес  во замок близу Лондон на самитот на Европската политичка заедница, со фокус на енергијата, миграцијата и Украина. Домаќин на самитот е новоизбраниот британски премиер Кир Стамер што беше повод претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да порача дека ЕУ е подготвена да ги рестартира сега слабите односи со Обединетото Кралство по Брегзит и дека Лондон треба да побара нови преговори. По самитот не е предвидена прес конференција и дебарата се одвива главно по панели но лидерите ги дадоа своите оценки пред почетокот на работниот дел.

Така, претседателот Макрон одби да вети нов миграциски договор со Обединетото Кралство , велејќи дека „не постои сребрен куршум“ за тоа и дека е поважно најпрво да се спречат мигрантите да пристигнуваат во Франција. Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека самитот е „јасен знак“ дека Европа стои обединета  против руската агресија. Сепак, премиерот на Унгарија Виктор Орбан остана цврст на идејата да го промовира својот „мировен план“, за што Шолц му порача да не го прави во име на ЕУ. Орбан инаку изјави дека Европската унија не треба да ја имитира надворешната политика на американските демократи, туку да ја следи својата стратешка автономија. Тој исто така ја нагласи потребата од единствен европски пристап.

Самитот на Европската политичка заедница, создадена по предлог на францускиот претседател Емануел Макрон за да се повзи подобро ЕУ со земјите кандидати и партнери и да ги има како стратешки сојузници е најавена како моѓност да се  разговара за прашањата кои се најважни за иднината на Европа, како поддршка на Украина,  енергетска безбедност,  миграцијата и отпорноста на демократијата на напливот од екстремизам. На самитот учествуваат и лидерите од Регионот вклучувајќи го и нашиот премиер Христијан Мицкоски кој имаше средба со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами пред почетокот на самитот и со украинскиот претседател Володомир Зеленски. На Зеленски тој му ја повторил „недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ“ и посочил дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.

„Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.Нашите односи се базираат на вистинско пријателство од каде  произлегуваат принципи, вредности и разбирање“, порачал Мицкоски.

Со Лами ја иницирал потребата од поблиска и потесна соработка на земјите од Европа на полето на безбедносните и енергетските прашања.

„Заклучивме дека соработката е неопходна за градење на цврсти партнерски односи и економски напредок. Се согласивме дека регионот и Обединетото кралство имаат заеднички интерес во областа на безбедноста и градењето на стабилни регионални односи во рамките на евроатланските процеси“, напиша Мицкоски на ФБ.Подолу е фото галеријата од која се гледа атмосферата на самитот кој се одржува во замок во родното место на Винстон Черчил.

На самитот Мицкоски се најде повторно на иста маса со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, плус со бугарскиот претседател Румен Радев, но во неговите објави нема информација за можна средба или некакви контакти, така што „студената војна“ межу нив продолжува по се изгледа и тука.  May be an image of 10 people, suit and text

Мицкоски на средба со Лами: Соработката е неопходна за градење цврсти партнерски односи и економски напредок

May be an image of 4 people, newsroom and text

Image

Image

Image

Image

Image

 

Image

Image

Image

Image

Image

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.