"Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов сонуваа за Европска Македонија"

Објавил: admin@magazin | 11 август, 2018 14:33

Мицкоски на одбележувањето на споменот за 5-те струмички студенти

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

“Беласицо крикни и заплачи, за петте твои синови. Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов. Нивната крв младешка ги натопи твоите дрвја столетни. И Македонија низ својот пат кон вечноста, секогаш да ги памети петте струмички студенти во илјада деветсто педесет и првата стрелани”….

-Нека им е вечна славата на овие Македонски синови стрелани пред 67 години.
Ова се стиховите на македонската песна која говори за една болна судбина, младешка пркост, животната енергија кој беше сопрена поради нивната определба за своја држава, независност и самостојност.

Животот за овие луѓе запре уште пред да започне, во цутот на младоста, во миговите пред да може да направат многу повеќе. Но делото остана, а тоа е големо, дело за паметење и почит. И затоа денес со задоволство учествувам на планинарскиот марш “Беласица 2018” од Орманли до местото на погибијето на 5-те струмички студенти.

Нивната улога е значајна не само поради пркоста со која се запишале во историскиот незаборав, туку и по заветот кој ние го наследуваме, а кој е толку јасен и гласен, дека ова парче Македонска земја е најскапото нешто што го имаме, а слободата и самојстојноста што ја живееме е скапо платена со човечки судбини, страдања, жртви. Сето ова нас не прави уште повеќе одговорни кон идејата, кон сонот за стабилна, слободна и напредна Македонија.

Денес нашата битка е за човечко достоинство, за правдини, за држава која ќе обезбеди сигурност, среќа за нејзините граѓани, економски просперитет, држава во која корупцијата и криминалот ќе бидат реткост која ќе се казнува, а не секојдневие кое не задушува, држава во која младите ќе ја градат иднината, наместо да се иселуваат. Држава каде здравството ќе го вреднуваме по успешено излекуваните, а не по загубените животи, држава која најпрво ќе се интегрираме внатрешно, споделувајќи ги европските вредности и придобовки, кои никогаш не биле туѓи, туку напротив длабоко вкоренети, и одвреме навреме напаѓани од неодговорни политичари чии лични кариери и судбини се пред судбините на граѓаните. Држава каде заветот на 5 те струмички студенти и стотиците, и илјадниците страдалници како нив, ќе биде оганот кој ќе го зачуваме и исполниме.
Македонија е нашиот завет, нашата субина и нашата иднина. Од сите нас зависи, а Македонија мора да победи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...