Партиска делегација

Објавил: Калина Мартинска | 18 јуни, 2024 18:02

Мицкоски на средба со Стефани Руст од НДИ – продолжува успешната соработка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката и член на ИК Марија Митева остварија средба со Стефани Руст, потпретседателка за програми на НДИ во Собранието.

На средбата претседателот Мицкоски информираше за убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, кои за ВМРО-ДПМНЕ претставуваа голема обврска и одговорност пред граѓаните како идна влада.

Претседателот Мицкоски информираше за текот на политичките процеси по формирање на идната влада, за реформите каде главен фокус ќе биде борбата со криминалот и корупцијата, забрзаниот економски раст и напредокот на Македонија ко ЕУ.

Воедно претседателот се заблагодари на НДИ за одличната соработка изминативе години и со сигурност ја потенцираше важноста од продолжување на соработката во иднина.

Мицкоски на средба со амбасадорот на УНДП, Григоријан: Констатирана континуираната поддршка и можност за уште повеќе заеднички проекти со владата на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со предлог министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска 18.06.2024 година остварија средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан и Билјана Цветановска Гугоска раководителката на секторот за демократско владеење во УНДП.

На средбата се разговараше за идните чекори на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и проектите кои би се реализирале во рамки на министерството за локална самоуправа, а би ги опфатило локалните самоуправи.

Воедно, беа констатирани добрата соработка, како и помошта и поддршката на УНДП кои во континуитет ги дава во Македонија и нивната исклучителна важност во земјава.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и потенцираше дека во иднина со владата на ВМРО-ДПМНЕ постои можност за продлабочување на истата и за реализирање на уште поголем број на заеднички проекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести