
Свет
Дијаспора
Македонската Влада останува фокусирана на одржување блиски врски со Македонците надвор од Македонија.
Со средба со дијаспората во Њу Џерси премиерот ја продолжи работната посета на САД. На иселениците им порача дека новата генерација на политичари ќе направи се што може за да врати колку што е можно повеќе Македонци во својата татковина.
https://www.facebook.com/share/v/1NKBtJXkKQ/?mibextid=wwXIfr
Мицкоски во Њу Џерси допатува од Вашингтон каде присуствуваше на церемониите за инаугурација на американскиот претседател Трамп. Како што информираше Владата тој остварил серија средби со високо позиционирани луѓе во американскиот бизнис и политика кои очекува да придонесат за нови инвестиции и зацврстување на односите меѓу земјава и новата американска администрација.
https://www.facebook.com/share/p/15cdr4EZzn/?mibextid=wwXIfr
Од опозицијата велат дека Мицкоски бил само дел од толпа на митинг во САД обвинувајќи дека станува збор за скапо платената ПР фарса без никаков бенефит за државата.
,,Наместо сериозни средби со светски лидери или високи дипломати, добивме фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени од кои повеќето само пред два месеци беа тука кај нас. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува: колку чини овој спектакл и што добија граѓаните за возврат?“ – се вели во соопштението на СДСМ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.