
Вести
Избори 2020
Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот, до вас кои не гледате излез и мислите дека сите се исти. Не се сите исти. Ние сме различни. Ова е последната шанса за спас на Македонија. Спас на државата која ја создавале нашите предци, а наша обврска е да ја зачуваме, порача од завршниот собир од Штип, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!
Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина.

Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!
На 15 јули да излеземе сите масовно, да го заокружиме бројот 14, да заокружиме за обновата на Македонија која следува, да заокружиме за онаа Македонија каква што сакаме да биде, а не каква овиe што ја направија.
Знам дека многумина од вас можеби изминативе три години беа предмет на пристисоци, закани и уцени. Но, истовремено знам, свесен сум дека сте одлучни убедливо да ги победиме заедно и да си ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото, кај народот, изјави Мицкоски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.