Понудивме многу работи како решенија за ковид-кризата, но односот на власта е ингорантски и бевме одбиени, вели лидерот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2020 20:50

Мицкоски: Незадоволен сум од справувањето на здравствените власти со короната

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител изјави дека е разочаран и лут заради справувањето на здравствените власти со пандемијата на коронавирусот.

Понудивме многу работи како решенија за ковид-кризата, но односот на власта е ингорантски и бевме одбиени, вели лидерот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? Затоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија“,рече Мицкоски во гостување на Сител.

Мицкоски додаде дека е сведок на многу јавувања на сограѓани коишто се соочуваат со оваа пандемија.

„Ние како опозиција понудивме многу работи, а односот од страна на владата беше игнорантски и онака буквално брутално бевме одбиени. Еве последно што понудивме беше да се формира КОВИД Комисија. Како по принципот на многу држави во регионот кои што формираа една таква КОВИД Комисија и оваа КОВИД Комисија е таа која што е најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Но бевме одбиени“, нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Премиерот Заев потенцираше дека станува збор за многу важна суштинска статистичка операција за напредокот на земјата и дека затоа е бесмислена кампањата за бојкот на пописот.

Заев: Учеството во пописот е сериозна статистичка операција и државничка одговорност на граѓаните

Пописот е толку сериозна статистичка операција која што ја идентификувам со државничката...

Истовремено, тој посочи дека не треба да се бојкотира пописот и не треба опозицијата да се заканува, со оглед на тоа што пописот е обврска на граѓаните.

Заев: Имаме капацитет за организирање на пописот кој ќе се случи на пролет, на безбеден и добро организиран начин според стандарди

„Ние имаме капацитет за организирање на оваа сложена операција, го проверивме на избори,...

Никогаш не зборувал отворено за неговите три деца - каква врска има со најстариот Данило, зошто е премногу заштитнички настроен кон својата ќерка Милица и како игра со најмладиот Вукан.

ИНТЕРВЈУ СО СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Еве како Вучиќ ја слави Новата година и какви подароци купи за неговите деца

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обично го гледаме сериозен и строг во неговите...