Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Објавил: Мате Парлоф | 12 мај, 2022 7:04

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Фото/Текст извор: ©telma

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин да се уцени владата во распишување предвремени парламентарни избори.

ПРВО ТОА НЕ Е ДЕЛ ОД МОЈОТ КАРАКТЕР, ВТОРО, ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА ТОЈ ПРАВИ РЕМИНИСЦЕНЦИЈА НА ЕДНИ ДРУГИ ВРЕМИЊА КОГА ВО 2014, 2015, ЕДЕН ДРУГ ПОЛИТИЧАР ГО УЦЕНУВАШЕ ТОГАШНИОТ ПРЕМИЕР. ЈАС НЕ СУМ ТАКОВ ЧОВЕК, ЈАС НЕМАМ НАМЕРА НИКОГО ДА УЦЕНУВАМ, ТВРДИ МИЦКОСКИ.

НЕ ТРЕБА СЕГА ДА СЕ ПАЗАРИМЕ, ОВА НЕ Е ШВЕДСКА МАСА, ОВА СЕ ПРОБЛЕМИТЕ КОИ ШТО ГИ КОНСТАТИРАВМЕ, НИТУ ЈАС, НИТУ КОВАЧЕВСКИ ИМА ВРЕМЕ НА ПРЕТЕК ДА СЕ СЕДИ СЕГА И ДА СЕ РАЗГОВАРА СЕКОЈ ДЕН ПО 10 ПАТИ НА РАЗЛИЧНИ ТЕМИ. ЌЕ СЕДНЕМЕ ЕДЕН, ДВА, ТРИ ДЕНОВИ, КОЛКУ Е ПОТРЕБНО, И ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ НА СИТЕ ТЕМИ. ЈАС НЕМАМ ПРОБЛЕМ ДА РАЗГОВАРАМ ЗА СЕ, НО МОРАМ ДА РАЗГОВАРАМ И ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ПРВО ЗАТОА ШТО ТОА НАРОДОТ ГО ОЧЕКУВА ТОА ОД НАС, ВТОРО ЗАТОА ШТО ОГРОМНО МНОЗИНСТВО ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОВЕЌЕ ОД 75 ПРОЦЕНТИ, ВЕЛАТ ДЕКА ДРЖАВАТА ОДИ ВО ПОГРЕШНА НАСОКА И ОВАА ВЛАДА МОРА ДА СИ ЗАМИНЕ. АКО МИ ВЕРУВАТЕ, НА СИТЕ ИСТРАСЖУВАЊА ПОДДРШКАТА ЗА ВЛАДАТА Е ЕДНОЦИФРЕНА, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА И ОНИЕ ПРИРОДНО ШТО ГИ ПОДРЖУВААТ ДРУГИТЕ КОАЛИЦИСКИ ПАРТИИ, КАКО ДУИ, АЛТЕРНАТИВА, ИЛИ ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ВО КОАЛИЦИЈАТА, НИТУ ТИЕ НЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ ВЛАДАТА, ДЕЦИДЕН Е МИЦКОСКИ.

Соочен со фактот дека досега ниту една блокада на Собранието не му донела изборна победа на тој што блокира, Мицкоски тврди дека моменталната ситуација е драстично поразлична од претходно.

ВО 2021 ГОДИНА, ОКТОМВРИ, НОЕМВРИ МЕСЕЦ, ОПОЗИЦИЈАТА, ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ И ВМРО-ДПМНЕ ДОСЕГА СЕ ОДНЕСУВАШЕ ОДГОВОРНО, ЧЕКАШЕ ПОТЕГ И МОЛЕШЕ ЗА СРЕДБА. ЈАС УШТЕ ЛАНИ ЛЕТОТО ЗБОРУВАВ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ СО СТРУЈАТА, ДЕКА ЌЕ НИ СЕ СЛУЧУВААТ ОВИЕ РАБОТИ, ДЕКА РАБОТАТА НЕ ОДИ КАКО ШТО ТРЕБА. ТОГАШ СИТЕ СЕ ПОДИГРУВАА, ОДНОСНО СЕ ОБИДУВАА ДА БИДАТ МАЧО ПОЛИТИЧАРИ, ДУРИ И ТИЕ ШТО СЕГА ВЕЌЕ НЕ СЕ АКТИВНИ ВО ПОЛИТКАТА. ГЛЕДАМ ДЕКА ПО ИСТИОТ ТЕК ПРОДОЛЖУВА И КОВАЧЕВСКИ. НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕДНЕМЕ НА ТИЕ СРЕДБИ ВО БИЛО КАКОВ ФОРМАТ. ЗАТОА ШТО ЦЕНИМЕ, А И НАРОДОТ ТОА ГО КАЖУВА, ДЕКА ОВАА ВЛАДА Е ПРОБЛЕМОТ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му

Димитриевски: Ние Македонците УЧК ја чувствуваме како окупациона сила

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата...