Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа.

Објавил: Стојче Бушин | 12 октомври, 2020 5:30

Мицкоски: Неспособноста на Владата чини животи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Имате две опции, или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш. Животите се прескапи за мафијата толку евтино да си игра со нив, вели лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски!

Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа.

Само денес 383 новозаразени, додека 7 животи згаснаа поради Ковид, тоа се 7 семејства кои изгубија свој близок, 7 места помалку на трпезите во 7 семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денес секој 4ти кој се тестирал за Ковид е позитивен, вели Мицкоски!

Што направи Владата?

Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи.

Неспособноста на Владата чини животи.

И една порака до челниците на Владата кои делуваат како мафија: украдовте избори, делевте картички, парите на народот ги трошевте додека сите нѐ задолжувавте, брутално крадете, нема гадост која не ја направивте и работа за која не излажавте, сето тоа не придонесе да се решат проблемите, вие тие проблеми ги создавате, вели Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...