Тој истакна дека доколку денес ВМРО-ДПМНЕ го напуштеше Собранието, не само законот за обвинителство туку и сите оние останати штетни закони кои носат пари за фамилијата Заев ќе биле експресно изгласани. Како пример Мицкоски го напомена Законот за марихуана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 22:05

Мицкоски: Не го напуштивме Собранието за да не им поминат лесно сите штетни закони

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното гостување на ТВ АЛФА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски образложи зошто најголемата опозициска партија не го напушти Собранието на Република Македонија. Тој истакна дека доколку денес ВМРО-ДПМНЕ го напуштеше Собранието, тогаш ќе поминеше и законот за обвинителство но и сите оние останати штетни закони кои носат пари за фамилијата на Заев. Мицкоски го напомена Законот за марихуана.

-Вчера имавме состанок на ИК на партијата кој што беше најавен еве да речеме од една моја изјава после состанокот со комората „Масит“ и разговаравме за тековните проблеми. На прес конференција на прашање на еден од присутните новинари кои се чекорите на ВМРО-ДПМНЕ, јас реков дека не ја гледам суштината не ја гледам навистина потребата од активно учество во рамките на парламентот од денес натаму бидејќи денес беше денот кога тоа требаше да се распушти. Во тој момент медиумите кои што важат за блиски до СДСМ имаа насловна која што велеше, ВМРО-ДПМНЕ го напушта парламентот. Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата, вели Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...