Мицкоски не бил детално запознаен со программата на Арсовска

Објавил: Македонка Димкин | 16 септември, 2022 7:13

Мицкоски не сака кавга со Арсовска

Фото/Текст извор: ©Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 не сакаше многу да зборува за денешниот напад од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-Не можам јас да дадам одговор што значеше тоа шпицен градоначалник.  Претврдо е да се каже дека е објавена војна. Таа ја има својата програма за Скопје, концепт зад кои ние застанавме. И денеска да ја имам таа програма на маса, и денеска ќе ја поддржам.
Непријатно е да давам одговор зошто така ме нападна. Таа ќе ви даде одговор.

На ова новинарот му рече дека тие се обиделе да стапат во контакт со Арсовска за и таа да се вклучи во емисијата, но не можеле да стигнат до неа. Му предложи на Мицкоски дека се отворени да реализираат дебата помеѓу него и Арсовска.
На ова Мицкоски одговори:

-Можеби за таква дебата посоодветен би бил некој од советниците или претседавачот на Советот. Не дека јас одбивам дуел, туку за да имате подобра емисија. Јас сепак детално не сум запознаен со проектите во Градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...