Од таму велат дека Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.

Објавил: Владо Марин | 1 август, 2021 15:38

Мицкоски – „Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски пристигна реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од таму велат дека Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.

Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот на хероите на Слива и на самиот Мечкин Камен, а ќе биде присутен и на Панихидата во чест на хероите и нивното дело во црквата „Св. Никола“.

Меѓутоа, имајќи го во предвид фактот дека според Мицкоски чествувањето на Илинден во Крушево на 2 Август ќе биде „циркуски церемонијал“, тогаш не изненадува неговата одлука најголемиот македонски празник да го чествува во Ташмаруништа, наместо во Крушево. Најверојатно затоа што борбите кои се водени во тој крај се далеку позначајни од борбите за ослободување на Крушево со кои се удрени темелите на македонската држава.

Претседателот Пендаровски жали што неговиот искрен обид за надминување на длабоките политички разлики барем на Илинден не беше разбран од дел од политичките лидери за кои партијата е сѐ уште пред државата. Независно од тоа, Претседателот ќе продолжи да работи во иста насока, секогаш имајќи ги во преден план државните и национални интереси“, се вели во реакцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Култура

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...

На 23 септември во Кинотеката ќе биде прикажан воениот филм „Црвениот призрак” на рускиот режисер Андреј Богатирјов , а на 25 септември во кафе-книжарницата „Буква“ Рускиот центар ќе организира квиз „Колку добро ја познаваш Русија?“, на кој победниците ќе добијат награди со руска симболика.

Денови на руски јазик и култура од 22 септември до 30 октомври

Од 22 септември до 30 октомври 2021 година ќе се одржуваат Денови на руски јазик и култура, наиницијатива...

Поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, а имајќи ја предвид неговата возраст, орденот на Стојан Андов му беше врачен од страна на претседателот Пендаровски во неговиот дом, а на денешната церемонија беше прикажан видео материјал од овој чин.

Пендаровски ги одликува Андов и пратениците од првото собрание со Орден „8 Септември“

Пендаровски ги одликува Стојан Андов и пратениците од првото повеќепартиско собрание...