На 15 јули потребно е масовно да излеземе, обединети, сложни да го заокружиме редниот број 14, да го заокружиме името на Игор Јанушев затоа што тоа е потребно за да ја сонуваме и живееме нашата Македонија, онаа Македонија која сакаме да ја имаме, порача од Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!
Богата, просперитетна, европска Македонија, којашто нуди можност за секој еден граѓанин, којашто е дом за секого без разлика на неговата етничка припадност, честита Македонија полна со домаќини, среќни и весели луѓе, потенцираше од Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!
Затоа ни е потребна голема победа!
Оној слоган што го слушаме деновиве, а тоа е „Можеме“, јас повеќе би рекол „Можевме“. Зошто можеа, затоа што имаа три години сето она кое што го ветуваа и во таа 2016-та година, а потоа и на локалните избори во 2017-тата, па подоцна и на претседателските избори во 2019-тата година да го реализираат. Но, за жал не успеаја во тоа што го ветуваа и затоа ние на 15-ти јули треба да им кажеме „Можевте“, а сега ќе можете од опозиција да учите и да гледате како се работи и како се сака сопствената држава Република Македонија, порача Мицкоски.
Тој посочи дека многу внимателно го креирале секој пасус во нивната предизборна програма.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.