Вести
Избори 2020
Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите преку нови зголемувања на пензиите, за пораст на платите во јавниот сектор и минималната плата во приватниот сектор согласно растот на продуктивноста и за подигање на квалитетот на здравствените услуги, потенцираше вечерва од Центар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!
Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани.
Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

Се обврзуваме на раст на БДП од 4-5% годишно, намалување на невработеноста под 10%, домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години, модерна индустријализација и зголемување на извозната конкурентност, вели Мицкоски!
Ќе си ја исправиме Македонија, заедно и сплотени. На 15 јули излезете и заокружете го бројот 14, потенцираше Мицкоски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Избори 2020
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.