Инцидент

Објавил: Калина Мартинска | 11 септември, 2024 11:52

Мицкоски: Ова е дел од фолклорот што се подговува за сеење на етничка и верска нетрпеливост

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Случајот со инцидентот со црквата во селото Галате има политичка позадина со оглед на тоа од која партија е градоначалник на Врапчиште и кои се структурите во ОВР Гостивар.

„Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви“, рече денеска премиерот Мицкоски по инцидентот во гостиварското село Галате, кога дојде полицијата додека жителите самоиницијативно почнаа да го расчистување на дворот на црквата Св. Петка.

Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите од инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги во предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот Владика го отфрли сево ова, апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации, рече Мицкоски.

Од МВР и од Обвинителството демантираа дека имало издадено наредба за приведување. Велат дека постапувале по пријава од Општина Врапчиште.

Дека се работело првично само на расчистување на дворот на црквата Св. Петка во атарот на гостиварско Галате, тврдат граѓаните кои учестувале во активностите, а вчера на социјалните мрежи споделија видео во кое се гледа присуство на полиција, што предизвика бурни реакции.

Објаснуваат дека се работи за доброволна акција за уредување на просторот околу црквата, кој бил запуштен, зашто објектот бил нефункционален откако бил опожарен во конфликтот од 2001 година.

-Започнавме во саботата. Цело време имавме обструкции од полиција, инспектори од Општина. Дадоа насоки да се задржи багерот, сме направиле узурпација на земјиштето. Што вика Обвинителство дека немало насоки за притвор, не е точно, имаше насоки за притвор тука имаше полно луѓе. Не ни треба дозвола, немаме градежни активности, го чистиме дворот. Ако градиме ќе треба, но сега за сега не треба, расчистуваме, депонија беше местото изјави Душко Павловски за Телма.мк.

Од МВР и од Обвинителството демантираат дека имало издадено наредба за приведување. Велат дека постапувале по пријава од Општина Врапчиште.

„Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на вчерашниот ден постапувајќи по претходна пријава доставена до СВР Тетово од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направи увид на месноста викана Топли извори на локацијата на црквата „Света Петка “, каде што, наводно, според пријавата – се изведувале незаконски градежни работи на црквата. При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување“.

Од Обвинителството велат дека увидот треба да покаже какви работи се извршувале.

Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело.

Став и детали за случајот побаравме и од Општина Врапчиште на официјалната меил адреса, но до завршување на прилогот не добивме одговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.