Не поддржуваме промена на Устав за промена на уставното име

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 21:48

Мицкоски: Ова е договор за капитулација (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е тежок ден за Република Македонија, пред малку видовме прес конференција со која поразот се прикажува за лажна победа, а она што е стекнато многу порано како наше природно и неспорно право, правото на јазик и националност да се прикаже како извојувана победа во преговорите со нашиот јужен сосед, ова на прес конференција го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тоа е нешто што ние го имаме загарантирано и пред самиот овој така наречен договор, многу порано и исто така јасно кажано и напишано во Обединетите Нации. Колку и да се обидува Зоран Заев да демонстрира еуфоричност со сила да се насмевнува и вештачки да делува среќно се гледа од далеку дека ова е пораз. Тоа е чувството кај граѓаните, потиштеност и горчина, целосниот процес на преговори се водеше во тајност и со екстремен егзибиционизам од македонската влада и Зоран Заев. Опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија не беше склучена во процесот на ова надежно прашање, сега веќе јасно зошто. Ова не го велат затоа што ние се тргаме настрана од целиот процес, туку затоа што Зоран Заев го монополизираше истиот, истото се случи и денеска кога го имав и телефонскиот разговор со Зоран Заев веднаш по постигнувањето на договорот со неговиот грчки колега Ципрас. Во суштина овој договор е прифаќање на сите грчки позиции и во својата основа не може да се нарече ништо повеќе од таканаречен договор, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека ако постигнатиот така наречен договор на Заев е прифаќање на промена на Уставот и внатрешно и надворешна употреба на новото име, тогаш тоа е договор на Заев за капитулација.

-Зоран Заев покажа нестабилност, недостоинственост, прифати промена на Уставот, географска одредница за да подоцна ја убеди македонската јавност дека со промена на Уставот и решението Илинденска Македонија го потврдува идентитетот, со ова го испрати министерот за надворешни работи и гордо пред македонската јавност кажуваше дека друго решение за него е неприфатливо. Но како што многупати и во минатото така и денес, излажа, ова е тежок егзиниционибизам на штета на сопствената држава. Ова е премногу сериозно прашање и затоа бараме така наречениот договор кој што Заев има намера да го потпише со Ципрас веднаш да ни го достави, потенцираше Мицкоски.

Тој додава и дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се познати, непроменети и прецизни, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од своите принципи и нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставно име.

-Доколку Зоран Заев шверцерски се обидува капитулацијата да ја протне низ собраниска процедура мора да знае дека референдум мора да има и тој мора да биде задолжителен, а не консултативен како што денеска повторно се обиде да и го протне на македонската јавност, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Професионалниот војник А.Ј. (25) почина синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти Генералштабот на Армијата на Македонија

Почина војник на 25-годишна возраст

Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за...

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...