Во попладневниот дневник на Сител, гостин беше лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде јавно истакна дека ова СЈО е симбол на заштита на Заевизмот а не е заштитник на правото.
Лидерот на ВМРО истакна дека само два дена по средбата со Заев, стигна демантот за позитивните очекувања, вели вчерашните настани поврзани со пресметката на политичките неистомисленици продолжува, пред да биде издадена пресудата.
Тој во гостувањето напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е против Катица Јанева и овој состав на јавни обвинители…
–Да, точно е, ние сме против Катица Јанева и овој состав на обвинители кои што се дел од нејзиниот тим, од една проста и едноставна причина што не само што го изгубија човечкиот туку го изгубија и професионалниот кредибилитет и не ги оправдаа очекувањата на јавноста којј што безусловно им довери доверба пред речиси 4 години да ја водат оваа институција да се претвори во еден орган да биде заштитник на правото и правдината. Но ние бевме сведоци на речиси полумафијашки методи на сокривање докази, опожарување на простории, поплавување на простории, а се со цел да се сокрие трагата и за нас оваа институција и овие луѓе претставуваат симбол на оние изневерени очекувања на граѓаните во Република Македонија и дел од онаа ментална матрица која што ние ја нарекуваме Заевизам….
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.