Трета инвестиција за три недели нова Влада

Објавил: Калина Мартинска | 8 јули, 2024 20:58

Мицкоски од Вашингтон ја најави новата странска инвестиција

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Уште една одлична вест, од Вашингтон. Трета недела, за трета нова странска инвестиција, објави на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД. Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина. Исполнуваме За тебе, истакна, Мицкоски.

Нова германско-белгиска инвестиција вредна 20 милиони евра, најмалку 110 работни места во „Eпсотех“

Мицкоски и „Алказар енерџи“ го најавија почетокот на најголемата инвестиција во парк на ветерници, ќе обезбедува струја за 100 илјади домаќинства

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.