Тој додава дека ако власта „мисли дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи“.

Објавил: Перо Милчин | 6 март, 2021 21:33

Мицкоски од Инфективна: Единствен начин да се спасите од мене е да не се разбудам утре

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од неа бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник. И тука да прв пат се согласувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил по изјавата на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.

Мицкоски вели дека единствено му должи на неговиот народ, на Македонците, на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажале единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и оти ќе направи се ним да им се оддолжи.

Ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа! Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор, пишува Мицкоски.

Имам порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас. Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник. Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа! Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор, пишува Мицкоски.

Тој вели дека ако власта „мисли дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи“.

-Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа, пишува Мицкоски на својот фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот - но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Пратеничката на СДСМ Стојчевска позитивна со целосна заштитна КОВИД-19 опрема во Собрание

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на...

Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

Трајче Заев од Дубаи: Комбето со марихуана не е во сопственост на фирма на Заеви и ниеден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви

По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи Трајче Заев, братучед на премиерот...

Од Обвинителството, пак, денеска официјално излегоа со кратко соопштение во кое велат дека е правен претрес во повеќе објекти, но ниту потврдија ниту демантираа дека е откриен дополнителен имот на експремиерот.

Груевски: Живеев во два стана на мајка ми, другите два ги користев со договор за закуп

Од Обвинителството, пак, денеска официјално излегоа со кратко соопштение во кое велат...