Кога ќе дојде Заев сигурно ќе каже дека првата љубов му била од тука!

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 септември, 2021 7:25

Мицкоски од Охрид: Кога ќе дојде Заев сигурно ќе каже дека првата љубов му била од тука

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид порача дека Охрид заслужува подобро од она што го има во моментов. Продолжи и со шегите на сметка на Зоран Заев.

-Тука во Охрид, со моето семејство и со моите пријатели, сме поминувале многу денови, дружби, и ме врзуваат доста спомени за овој град. Јас не можам да се пофалам дека мојата прва љубов била овде во Охрид, тоа сигурно мојот политички противник кога ќе дојде овдека ќе го каже.

Но, ќе кажам дека Охрид ми е во срцето и знам дека кога ќе се случат промените, Охрид и неговиот развој ќе ни бидат едни од највисоките приоритети. Охрид заслужува подобро од ова. Охрид заслужува промени, проекти и победи, Охрид заслужува една нова, поинаква иднина, полна со позитивна енергија, успеси, резултати, развој, напредок, Охрид и Охриѓани заслужуваат сите ние да засукаме ракави и да докажеме дека знаеме да го цениме тоа што е Охрид за нашата Македонија.

Досега мора да признаам, и тоа важи за долги години наназад, јас лично како да не сум убеден дека Охрид е ценет доволно, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

МНР формира кризен штаб за трагедијата: Објавен е телефонски број на кој може да се јават роднини

Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во...

„Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти.

Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата...

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино...