
Македонија
Вести
ВМРО-ДПМНЕ, со автомобили освен во Скопје вечерва протестираа и во Охрид, Велес, Прилеп, Битола, Куманово и Штип. Протестите организирани од опозицијата почнаа пред месец и половина.
Овој политички прогон мора веднаш да запре, знаеме дека се случува поради немоќта на власта.
Таа е исплашена дека за многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе се соочи лице во лице со чистата и јасна правда, меѓутоа ова што му го прават на македонскиот народ, тој нема да го заборави и ќе ги казни час поскоро, рече Мицкоски!
Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот.
Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.
Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.
СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.