Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линерано, нема да биде процентуално како досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека прво од септември годинава ќе има зголемување од 2.500 денари, а потоа од март 2025 година уште 2.500 денари.
„Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно нема да биде процентуално како и до сега. Така што најпрвин од овој септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари“, одговори претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски посочи дека ветување за покачување на пензиите ќе биде реализано побрзо од ветеното.
„Ние ветивме дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Тоа ќе го направиме многу побргу, односно во првите девет месеци. Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со буџетот“, нагласи Мицкоски. Додаде дека понатаму може да има пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.