Очекувам и посакувам предвремени избори затоа што тоа е единствениот начин да провериме дали Македонија блеска или пак она што ние како опозиција го говориме дека не само што не блескаме, туку одиме се позабрзано во амбисот, порача вечерва од Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија- проблеми, решенија и програма“.

Објавил: Валерија Петрова | 10 октомври, 2019 20:50

Мицкоски од Струмица: Очекувам и посакувам предвремени избори

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Во обраќањето пред граѓаните во Струмица Христијан Мицкоски се осврна на многу прашања и повеќе наврати потенцираше дека во Струмица ќе дошле како победници по следните предвремени парламентарни избори и ќе побарале отчет и одговорност за сето тоа што се случувало изминативе години.

Очекувам и посакувам предвремени избори затоа што тоа е единствениот начин да провериме дали Македонија блеска или пак она што ние како опозиција го говориме дека не само што не блескаме, туку одиме се позабрзано во амбисот, порача вечерва од Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија- проблеми, решенија и програма“.

Додаде дека некој се плаши од едно такво соочување со граѓаните и посакувал, како што рече, што подолго да остане на политичката сцена, што повеќе да ги користи привилегиите, што повеќе да ги злоупотребува тие привилегии во лични цели и затоа предвремените парламентарни избори за Македонија се неопходни сега и веднаш за да може да се определи вистинската траекторија на иднината на татковината, а не таа замислената.

-Треба да одговарат каде отидоа десетиците милиони народни пари на струмичани, но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред. И тогаш ќе има одговорност, тогаш нема коалиции за хотели, за бизниси со лотарии, тогаш нема тоа да го има, туку сите тие од прв до последен, јас ви ветувам, дека ќе одговараат, рече Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија потенцираше дека заедно со народот нема да дозволат никаков постизборен инженеринг на наредните избори и дека власта не исполнила ништо од ветувањата.

-Порано велеа и се жалеа дека имало „сваровски судство“, а денеска како судство имаме-„куфер судство“, „луј витон судство“, за такво ли судство се боревме? Тоа ли беше целта на „нема правда-нема мир“, за да можеме да ги полниме сопствените џебови со арам пари од граѓаните. Зата ли се бореа луѓето? Затоа ли ги лажаа луѓето да шараат и да уништуваат државен имот, да кодошат и да пишуваат депеши по странство само за да може да се завалат во кожните фотелји, за да можат да ги газат тие дебели персиски килими во Владата и попатно да ја распродаваат и она малку гордост и достоинство што остана по потпишувањето на разно-разни договори, се разбира најмногу од се да пљачкаат, праша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Се закани дека каде и да избега некој ќе го најдат, а во моментот разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 100 илјади гласови разлика според последните бројки кои ги добил Мицкоски и заради тоа власта не распишувала избори.

-Имам најави дека најголем дел од нив се подготвуваат да ја напуштат Македонија по некои други држави и дури подготвуваат терен таму, но треба да разберат дека и таму ќе ги најдеме, каде и да одат таму ќе ги најдеме, а неправдата мора да ја исправиме, додаде Мицкоски.

Тој на крајот ги презентираше мерките од нивната програма кои ќе ги спроведе во првите сто денови владата на ВМРО ДПМНЕ. Вети дека ќе го врателе повторно „рамниот данок“, ќе изнашле решение за најголемиот дел од проблемите на земјоделците, ќе почнел проектот како да се најде синергија меѓу инвеститорите, меѓу науката и образованието и бизнисот, а ќе отпочнеле и со рестартирање на проектите кои ги затворила актуелната власт и ќе значат подобрување на условите и животната средина, притоа напаѓајќи ја мерката за субвенциониарње на клима инвертери во четири градови во државата и дека со таа мерка се обидуваат да поткупат 10 илјади семејства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...