Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини, реле Мицкоски на протестот!

Објавил: Стојче Бушин | 26 ноември, 2020 20:58

Мицкоски: Оставка на Заев, слобода на народот- да ја ослободиме Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обрати од пред Владата, на протестот организиран од опозицијата. Тој уште еднаш побара оставка од Зоран Заев, и обединување на народот, за, како што кажа, да се стави крај на ова зло.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и до членовите на СДСМ, барајќи од нив сега да бидат погласни и да му се спротивстават на Заев. Им порача дека можеби имаат разлики, но целта им е иста – да го сочуваат идентитетот

Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Затоа постојат државите, тоа нѐ прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет.

Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини, реле Мицкоски на протестот!

Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од Заев! Оставка!
Оставка на Заев, слобода на народот!

Во народот е силата и затоа ќе продолжиме. Ги повикуваме сите да излезат на улиците, а утре со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата ќе организираме блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое нѐ снајде, сите заедно, и старо и младо, и браќа и сестри, и граѓани и граѓанки. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме!

Да живее Македонија, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...