Влада

Објавил: Калина Мартинска | 18 септември, 2024 12:03

Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје.

Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.

-Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите, изјави премиерот.

Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена.

Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.