– Ова е чиста статистичка операција за да ја подобри страшната цунами политика на СДСМ, затоа што работниците 100 – те евра, што до сега ги добивале на рака од работодавачите кои не го почитувале законот и работеле спротивно на законот, сега ќе ги добиваат жирално на сметка, а придонесите ќе ги плаќате вие, рече Мицкоски.

Објавил: Валерија Петрова | 1 септември, 2019 15:29

Мицкоски: Плаќањето придонеси за повисоки плати е за продолжување на кариерата на Заев

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Христијан Мицкоски денеска оцени дека со предлог законот со кој што државата ќе ги плаќа придонесите за пензиско-инвалидско осигурување ако работодавачот го зголеми примањето за дополнителни 6.000 денари владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев прават директен упад во законите и Уставот.

Според Мицкоски, мерката е за продолжување на политичката кариера на Заев и неговите соработници, а работниците нема да добијат зголемени примања.

– Ова е чиста статистичка операција за да ја подобри страшната цунами политика на СДСМ, затоа што работниците 100 – те евра, што до сега ги добивале на рака од работодавачите кои не го почитувале законот и работеле спротивно на законот, сега ќе ги добиваат жирално на сметка, а придонесите ќе ги плаќате вие, рече Мицкоски.

Мицкоски ги критикуваше состојбите во економијата потенцирајќи дека не се оствариле најавите на власта за економска офанзива и за економска година.

Тој ги критикуваше состојбите во економијата потенцирајќи дека не се оствариле најавите на власта за економска офанзива и за економска година.

Презентирајќи ги одделно економските параметри наведе дека од почетокот на годината заклучно со вториот квартал странските инвестииции изнесуават 48,7 милиони евра, а во мај и јуни, како што нагласи, имаме дури и одлив, негативно салдо на странските дирени инвестиции.

Кај капиталните инвестиции, дополни, од предвидените 420 милиони евра за оваа година во првите седум месеци заклучно со 31 јули инвестирани се нецели 105 милиони евра или некаде околу четири пати помалку од тоа што беше предвидено на почетокот на годината.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека има намалување и на бројот на работниците во индустријата, оценувајќи дека во градежништвото има економско „цунами“ и „фијаско“ со намален обем на извршени градежни работи од домашните фирми во странство и на издадени одобренија за градење.

– Во периодот јануари-јули Управата за јавни приходи успеала да наплати 46,7 милијарди денари или тоа е за 8,57 проценти помалку од планираните 51,1 милијарди денари, за тој период од годината. Или наместо зголемувањето од 9,02 проценти, сега имаме зголемување од 0,02 проценти во однос на 2018 година, рече, меѓу останатото, Мицкоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претставниците од Данска ги поздравиле спроведените реформи во земјава за членство во ЕУ и НАТО, при што потенцирале дека новата данска Влада, како и претходната, високо ги цени достигнувањата на земјава во реформите, како и склучените билатерални договори со соседите.

Османи: Ја очекуваме поддршката од Данска за старт на преговорите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со...

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Антикорупциска: Бараме да се раскине договорот за закуп и за Бранко Црвенковски

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во...